Клубовите блиску до договор: Палас бара 50 милиони, Јунајтед ги дава


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од Кристал Палас се согласиле да ја намалат цената која ја бараа за Арон Ван Бисака.

Клубот од Лондон претходно бараше 60 милиони фунти за својот играч и ја одби понудата од 40 милиони фунти на Манчестер Јунајтед.

Сега, Кристал Палас ја спушти топката и од „ѓаволите“ ќе бара сума од 50 милиони фунти, која тие се подготвени да ја платат, па се очекува во следните денови Ван Бисака и официјално да стане фудбалер на Манчестер Јунајтед.

„Скај Спортс“ пишува дека фудбалерот изразил голема желба да го облече дресот на „црвените ѓаволи“.