Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пандемијата на коронавирусот направи голем хаос во целиот свет, а поради тоа беа прекинати и речиси сите спортски натпревари.
Неодамна раководството во НБА-лигата реши да го прекине првенството, па засега не е познато кога ќе продолжи истото, а финансиските загуби се огромни.
Клубовите немаат начин како да заработат пари поради што би можеле да отпуштат голем дел од кошаркарите или вработените.
Новинарот Адријан Војнаровски објави дека клубовите веќе имаат некои планови околу платите, па тие мора да ги исплатат сите до март, по што имаат прави да ги намалат платите или да ги скратат доколку не може да го издржат финансискиот шок.