Клубовите на готовс, Вулверхемптон ја намали цената за својата прва ѕвезда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубовите заинтересирани за напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез може да влезат во преговори со англискиот клуб за ангажман на нивниот фудбалер.

Имено, како што пренесуваат медиумите во Англија, од таборот на Вулвс се подготвени да ја намалат цената за играчот кој оваа сезона постигна 22 гола и асистираше десет пати во вкупно 44 средби во сите конкуренции.

Хименез е предмет на интерес на Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул, Реал Мадрид и Јувентус кои ќе може да го добијат фудбалерот за сума само 20 милиони фунти.