Клубовите од Серија А не сакаат плејоф: Тие имаат друг план за завршување на сезоната!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија синоќа дека клубовите од Серија А на состанок ја одбиле можноста да ја завршат сезоната со играње на плејоф, по кој ќе се додели титулата.

Раководството во Серија А организирало онлајн состанок, на кој се обидувало да пронајде решение за новата ситуација со коронавирусот.

Членовите на раководството имале предлог да се игра плејоф за шампионот, како и за опстанок во лигата, но клубовите тоа го одбиле и порачале дека подобро ќе играат фудбал на три дена, односно се согласуваат на згуснат распоред до крајот на сезоната.

Во секој случај на крајот последниот збор ќе го има коронавирусот, која зарази многу фудбалери во Серија А.