Клупските доктори сметаат: Серија А нема да продолжи во април!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со оглед на тешката ситуација со коронавирусот во Италија и големиот број на заразени фудбалери, јасно е дека Серија А нема да продолжи толку брзо.

Рокот за продолжување беше трети април, но „Ла Република“ пишува дека докторскиот персонал на поголем дел од клубовите се сложува дека првенството треба да се продолжи барем за уште еден месец.

Италијанците пишуваат дека трети мај е пореален датум за продолжување на фудбалските натпреварувања, ако воопшто биде можно такво нешто, а клубовите на тренинг би се вратиле две недели порано.

Во вторник УЕФА ќе разговара за целата ситуација, па ќе донесе одлука за тоа што ќе се случува во следниот период.

Засега на коронавирус беа позитивни седум фудбалери од Сампдорија, тројца од Фиорентина и еден од Јувентус.