Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
По 13 години поминати во Реал Мадрид, Лука Модриќ и официјално се прости од клубот. Во клубот дојде во еден од најтешките периоди за мадридскиот тим, а со текот на годините стана еден од клучните играчи во најуспешниот период во историјата на клубот. Со неговото заминување останува празнина во тимот кој следната сезона ќе игра под водство на Чаби Алонсо, а се отвора и прашањето кој ќе го наследи дресот со број десет.
Според пишувањето на шпанската Марка, првиот кандидат за бројот на Модриќ е Килијан Мбапе, кој моментално го носи број девет. Постои можност, како што тоа некогаш го направи Кристијано Роналдо, Мбапе да ја преземе „десетката“, особено бидејќи тој број веќе го користи во репрезентацијата на Франција. Во тој случај, токму тој би бил главен фаворит за преземање на тој број.
Втора сериозна опција е Џуд Белингам, кој исто така би можел да стане нов сопственик на десетката. Меѓутоа, англискиот играч за врска веќе го носи бројот пет, истиот оној што некогаш го носеше неговиот идол Зинедин Зидан, и изгледа дека неговата цел е да остане поврзан со тој број, што донекаде намалува веројатноста тоа да го промени.
Фото: Grok AI