Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Коби Брајант и неговата ќерка Џана, кои загинаа на 26 јануари во хеликоптерска несреќа, беа погребани во петокот во приватна церемонија.
Според американските медиуми, семејството се определило за мала и приватна церемонија далеку од очите на јавноста, а погребот се одржал минатиот петок во Корона Дел Мар.
Желбата за тајност се оствари на семејството, и тие ги испратија своите најблиски засекогаш.
„Ванеса и семејството сакаа приватен погреб да ја оплакуваат својата загуба. Церемонијата беше многу тешка затоа што сè уште им беше тешко да прифатат дека изгубиле две убави души“, пренесоа американските медиуми.
Јавно испраќање на трагично загинатата ѕвезда во НБА, неговата 13-годишна ќерка и седум други ќе се одржи на 24 февруари во Центарот „Стејплс“.