„Кога беше 2:0 за Интер, Капело ми рече дека мечот ќе заврши 3:3“


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Поранешната икона на Милано, некогашен функционер на УЕФА, а денес повторно претседател на Динамо од Загреб, Звонимир Бобан го коментираше спектакуларниот натпревар меѓу Интер и Барселона (3:3) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите 2024/25 година.

Тоа беше еден од најубавите натпревари во последните години што го остави без зборови, а Бобан притоа откри интересна анегдота за тоа што му кажа поранешниот тренер Фабио Капело за време на натпреварот, по вториот гол на Интер што го постигна Думфрис.

„Тоа беше спектакуларен, извонреден, преубав натпревар. Кога беше 2:0 за Интер, Капело ми рече: ‘Ќе заврши 3:3’. Можеше да заврши и 5:5. Барселона играше одбрана како во времето на Земан. Интер беше добар, тешко е да се брани против ваков Јамал, против играчи кои постојано се менуваат и создаваат вишок“, вели тој.

Фото: Принтскрин