Кога ќе биде потврден трансферот на Мбапе во Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека Килијан Мбапе се договорил со Реал Мадрид и ќе го носи дресот на клубот од следната сезона.

„Би-Би-Си“ објави дека Мбапе веќе се договорил, но не ставил потпис на соработка и тоа планира да го направи кога еден од тимовите ќе испаднат од Лигата на шампиони (ЛШ).

Мбапе ќе добие петгодишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона, плус бонус од 150 милиони евра, а исто така ќе добие и голем процент од неговите маркетиншки права.

Доколку од клубот си замине Хрватот Лука Модриќ, се очекува Мбапе да го добие дресот со број 10 кој ќе го носи од следната сезона.