„Кога Компани ќе постигне гол од 30 метри, тогаш знаеш дека сме проколнати“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул беа многу разочарани поради вчерашната победа на Манчестер Сити.

Посебно ги боли тоа што победничкиот гол за Граѓаните го постигна Винсент Компани кој многу ретко се запишува во листата на стрелци.

„Кога Компани ќе забие гол од 30 метри, тогаш се знае дека сме проколнати!“, беше коментарот на еден од навивачите на Ливерпул на Твитер.

„Невозможно е Компани да го направи тоа. Ние сме проколнати, нема друго решение.“, напиша друг.

„Завршив со фудбалот, ние сме проколнати“, исто така беше еден од коментарите од фановите на Ливерпул.