„Кога те бара Реал Мадрид, мора да ја разгледаш понудата“


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер сити, Родри даде коментар за шпекулациите кои го поврзуваат со преселба во Реал Мадрид.

„Кралевите“ сакаат да го купат Родри, иако има договор до 2027 година, но засега шпанскиот гигант нема направено конкретен потег.

„Кога те бара тим како Реал Мадрид, тогаш треба да ја разгледаш нивната понуда“, кажа Родри.

Родри неодамна ја доби наградата „Златна топка“ пред Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.