Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот талентиран фудбалер Жоао Феликс постигна одличен гол против Виљареал и му донесе три бода на Атлетико Мадрид (2-0) во борбата за титулата во Ла Лига.
Феликс по погодокот му покажа на некого да молчи, а многумина помислија дека тој потег е наменет за тренерот Диего Симеоне, иако тоа не е вистината.
Португалецот ја испратил пораката кон соиграчот Ренан Лоди, кој пред натпреварот му кажал дека е време конечно да заигра подобро на теренот и да покаже што знае.
Феликс сезонава игра во просек по еден час за лидерот во Ла лига, а притоа постигна седум голови, а има и седум асистенции во шпанското првенство.
Ова исто така му е прв гол по пауза од еден месец, односно дуелот против Валенсија.