Кои фудбалери заработуваат најмногу пари во Премиерлигата?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерите во Премиерлигата заработуваат големи суми на пари, а очекува најмногу за плати издвојуваат Манчестер јунајтед и Манчестер сити, па играчите на тие клубови доминираат, а тука е и Арсенал.

Најплатен во Премиерлигата е Давид де Хеа, кој заработува 375.000 фунти неделно, односно 20 милиони фунти годишно.

Зад Де Хеа се двајца фудбалери од Манчестер сити, Кевин де Брајне со 320.833 фунти неделно и Рахим Стерлинг со 290.000 фунти.

Интересно е тоа што на петто место е Месут Озил со 268.750 фунти, а тој падна од втората на петта позиција откако со дел од својата плата реши да ја плаќа маскотата на Арсенал.

Исто така, Арсенал му плаќа 260.000 фунти на Томас Парти и 250.000 на Пјер-Емерик Обамејанг. А во врвот се уште и Ентони Марсијал со 250.000, Серхио Агуеро со 230.155 и Герет Бејл со 220.000 фунти.

Новото засилување на Јунајтед, Едисон Кавани добива 210.000 фунти неделно, а Мохамед Салах и Хари Кејн заработуваат по 200.000 неделно.