Кои се петте играчи кои Роналдо сака да ги гледа на терените? Кристијано не е помеѓу нив…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Вистинскиот“ Роналдо одамна ја заврши својата фудбалерската кариера, сите и понатаму се сеќаваат на неговите дриблинзи, пробивања и погодоци.

Натпреварите на легендарниот Бразилец своевремено беа задолжително „читиво“ за сите љубители на фудбалот, а сега Роналдо ги избра фудбалерите кои сака да ги гледа на фудбалските терени.

Посебно издвои пет фудбалери, а најзанимливо е тоа што помеѓу нив го нема Кристјиано Роналдо – еден од најдобрите.

„Меси е, секако на прво место, ќе биде потребно 20 или 30 години повторно да видиме талент што е сличен на неговиот“, изјави Роналдо.

Некогашниот ас, измеѓу останатите, Интер, Барселона и Реал Мадрид после Меси го издвои Мохамед Салах, Еден Азар, својот сонародник Нејмар и младата супер-звезда Килијан Мбапе.

„Исто така ми се допаѓаат и Салах, Азар, Нејмар и секако дека сакам да го гледам Мбапе“, истакна Роналдо.

Моментално, младиот Французин, Мбапе, се споредува со Роналдо. Сепак, на легендарниот Бразилец не му се допаѓаат споредбите на играчи од различни генерации.

„Многумина кажуваат дека тој изгледа како мене на теренот, дека е брз, дека има добра завршница и добри движења, дека е одличен со двете нозе и дека има долг исчекор… Има некои сличности, но јас никогаш не сум ги сакал споредувањата, посебно на играчи од различни генерации бидејќи околните фактори се драстично различни“, изјави Роналдо.