Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Вечерва љубителите на боксот ќе имаат можност да уживаат во вистински спектакл од тешка категорија, кој ќе се одржи во Ријад. На рингот ќе се соочат двајца од најдобрите боксери на денешницата – Олександр Усик и Тајсон Фјури, во реваншот кој носи огромни предизвици и залог за престижните светски појаси.
Мечот е закажан за 22 часот, а борбата се очекува да биде една од највозбудливите во историјата на боксот. Украинецот Усик го доби првиот меч со судиска одлука, со што стана апсолутен светски првак. Сепак, во овој реванш ИБФ појасот нема да биде во игра, откако Усик го изгуби правото на истиот поради специфични правила на оваа боксерска организација.
Според обложувалниците, Усик влегува како фаворит со коефициент 1.65 за победа, додека Фјури е означен како блага аутсајдер со квота 2.10. Оваа прогноза е одраз на техничката супериорност на Усик и неговата способност да се прилагоди на стилот на противниците.