Кој е овде луд? Три автогола за 30 минути, два ги постигна ист фудбалер! (ВИДЕО)

На натпреварот од Копа Либертадорес, кој беше одигран минатата ноќ беше забележана чудна ситуација.

Сан Хозе на свој терен ја пречека екипата на ЛДУ Квита и одигра 3-3, а мечот донесе многу возбудувања, добри потези, но и чудни контроверзни моменти.

Гостите поведоа во 25. минута преку Анангоно, а во 30. минута домаќините израмнија преку Саисидо, а потоа следуваше чуден период во мечот во кој беа забележани три автогола по ред.

Прво Мена во 40. минута ја погоди својата мрежа и гостите поведоа со 2-1. Во 69. минута Мена по катастрофалната грешка го постигна својот втор автогол и на овој меч.

Само две мнути подоцна беше забележан и третиот автогол, а го постигна Круз за 2-3. Додека Рамалто во 77. минута ги постави конечните 3-3.