Кој ќе ги добие титулите ако му бидат одземени на Манчестер сити?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Премиерлигата соопшти дека Манчестер сити над 100 пати го прекршил финансискиот фер-плеј и случајот го предаде на независна комисија која треба да утврди каква казна ќе добие актуелниот шампион.

Британски „Сан“ објави дека Манчестер сити може да остане без титулите во сезоните кога ги прекршиле правилата, односно од 2009 до 2018 година.

Во споменатиот период „граѓаните“ беа трипати шампиони, и тоа во сезоните 2011/12, 2013/14 и 2017/18, а титулите најверојатно ќе им бидат доделени на вицешампионите, иако ова сè уште не е разјаснето, но се очекуваат повеќе детали по одлуката на независната комисија.

Манчестер јунајтед во тој случај треба да добие две титули, и тоа во 2012 и 2018 година, додека Ливерпул треба да ја добие титулата во 2014, иако не се исклучува можноста и да не бидат дадени титулите на вицепрваците.