Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед сака да го купи 25-годишниот Френки де Јонг од Барселона, а преговорите веќе се во тек, но Холанѓанецот нема намера да си замине од клубот.
Каталонски „Спорт“ објави дека Де Јонг не сака да замине од Барселона затоа што има неверојатен договор според кој од сезоната 2022/23 би заработувал по 50 милиони евра бруто, односно 25 милиони евра нето.
Де Јонг според сегашниот договор заработува по 16 милиони евра бруто, а тоа е многу помалку од платата која го очекува.
„Црвните ѓаволи“ може да му понудат добри услови, меѓутоа играчот засега не попушта, а би заминал само во случај на некоја луда понуда.