Кол Палмер во спектакуларен трансфер си заминува од Челси?!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кол Палмер би можел во 2026 година да ја напушти екипата на Челси и тоа во голем трансфер. Имено, челниците на Манчестер Јунајтед сакаат да го „нападнат“ Челси и да пробаат да го донесат во своите редови Коул Палмер.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед во наредниот период има големи планови, а еден од нив е доведување на Палмер од Челси.

Најверојатно, челниците на Челси, кој неодамна за нов тренер го именуваше Лијам Розениор наместо Енцо Мареска, се подготвени да го продадат Палмер.

Манчестер Јунајтед го сака Палмер и веќе наводно оствариле некои разговори „зад сцената“ за евентуална понуда за репрезентативецот на Англија.

Дури и самиот Палмер е отворен за идејата да си замине од Челси, но не е откриено за колкава сума на крајот би го напуштил овој клуб и би преминал во Манчестер Јунајтед.