Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Воениот конфликт меѓу Украина и Русија влијае на цел свет, како економски, така и на останатите планови, а ќе има последици и на спортот.
Кошаркарите на Барселона одбија да заминат на гостување кај Зенит Санкт Петербург, а потоа беа откажани и натпреварите меѓу Баерн Минхен и ЦСКА Москва, како и меѓу Басконија и Уникс Казан.
Проблемот ќе трае и понатаму, а тоа го потврди и Тони Паркер, кој кажа дека Асвел нема да патува во Русија за мечот против Уникс.
„Нема да патуваме во Русија. Ова го надмина спортот. Не може да прифатиме ситуација која е целосно спротивна во однос на сите наши вредности“, кажа Паркер.
Евролигата смета дека спортот треба да зависи од политиката, но ситуацијата не е едноставна, па наводно се разгледуваат остри мерки кон Зенит, ЦСКА и Уникс, односно се планираат суспензии за тимовите.