Коларов блиску до уште еден трансфер, се согласи на преселба во финалист на Лига Европа!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Александар Коларов е на праг да се пресели во Интер, пишува „Скај Спорт“. Србинот веќе се договорил за трансфер во финалистот на Лига Европа, па чека Рома да се договори со нивниот ривал.

Коларов има договор со Рома до следната година, па ова би му била четврта сезона во тимот, доколку не замине во Интер, кој има амбициозен проект и бара фудбалерите кои ќе им помогнат.

Интер минатата сезона беше втор во Серија А, а играше и финале во Лига Европа, каде што загуби од Севилја.