Коленото на Родри изгледа ужасно – познато кога се враќа на теренот!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Родри нема да игра до крајот на сезоната, откако кон крајот на септември ги скина лигаментите на десното колено и моментално се рехабилитира по операцијата.

Официјално најдобриот фудбалер на светот беше опериран во Мадрид и сега му следи пауза од најмалку шест месеци.

Треба да се врати во составот на Манчестер Сити во текот на летните подготовки во 2025 година, а на социјалните мрежи се појавија страшни фотографии од коленото на Родри по тешката операција.

Шпанскиот репрезентативец една недела пред тешката повреда го критикуваше зголемувањето на бројот на натпревари по сезона поради последиците врз здравјето на играчите, но и врз квалитетот на играта. Родри минатата сезона одигра 50 натпревари за клубот и осум за репрезентацијата, со која го освои Европското првенство.