Колку ќе мора Челси да му исплати на Росениор?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот тренер на Челси, Лиам Росениор по заминувањето на Енцо Мареска, дојде и потпиша договор на шест и пол години, според кој имаше 4 милиони фунти по сезона.

Имајќи предвид дека доби отказ, многумина пишуваа дека Челси мора да му исплати 24 милиони фунти, што нема да биде случај според Челси.

Како што пренесува “Би-би-си”, Росениор ќе добие далеку помалку пари од споменатите, а точниот износ ќе биде објавен следната година кога ќе се сумира финансиската година на овој клуб.