Колку ќе заработува Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид?


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Не е никаква тајна дека фудбалерите во врвните клубови се богато платени. Sky Sport откри колку ќе заработува Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид.

Трент Александер-Арнолд денес службено објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул, клубот каде што се развиваше и ја помина целата досегашна кариера.

Оваа вест означува крај на една ера за 26-годишниот десен бек, кој во Ливерпул помина 20 години. Во емотивно збогување истакна дека ги оствари сите свои соништа на „Енфилд“ и дека заминува во потрага по нов предизвик.

Бројни светски медиуми ја пренесоа веста дека Арнолд ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид како слободен играч.

Арнолд ја одби дарежливата понуда на Ливерпул за продолжување на договорот и одлучи да се пресели во шпанската престолнина, каде што го чека петгодишен договор.

Sky Sports објави колку точно ќе заработува во дресот на Реал Мадрид – годишната плата на Арнолд ќе изнесува околу 15 милиони евра бруто.

Фото: Принтскрин