Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челси потроши најмногу пари во јануари на засилувања и донесе голем број фудбалери со цел да се создаде екипа која ќе доминира во следните години.
Премиерлигашот ангажира седум засилувања, но за натпреварите во Лигата на шампиони )ЛШ0 може да регистрираат само тројца, а останува да видиме кои ќе бидат тие.
Челси го купи Енцо Фернандез за 121 милион евра, што е рекорд и најверојатно ќе биде регистриран.
Исто така, премиерлигашот го купи Мудрик кој се очекува да биде вклучен во дуелите од ЛШ, а последен кој ќе добие шанса во елитното натпреварување најверојатно ќе биде Беноа Бадиашиле, кој во првите два настапи ги воодушеви навивачите.