Колку пари ќе плати Јунајтед за потписот на Солскјер?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Норвежанецот Оле Гунар Солскјер денеска потпиша нов договор со Манчестер јунајтед, каде што треба да остане и во наредните три години.

Солскјер го прероди тимот по неговото пристигнување, па ја доби довербата од управата на „ѓаволите“, а неговиот потпис со англискиот гигант му донесе многу пари и на неговиот поранешен клуб Молде.

Солскјер работеше како позајмен тренер во Манчестер до крајот на сезоната за 1,8 милиони фунти, а сега норвешкиот клуб ќе добие дополнителни 7,2 милиони фунти.

Јунајтед за тренери сезонава плати неверојатни 29 милиони фунти, односно 20 милиони фунти доби Жозе Мурињо како отштета за отказ, а Молде доби дополнителни девет милиони.