Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул за следната сезона ќе добие нов тренер, а тоа е Арне Слот кој ќе го наследи Германецот Јирген Клоп.
Холанѓанецот ги договори условите со премиерлигашот, кој ќе треба да исплати огромна сума на пари за неговиот потпис.
„Црвените“ ќе платат девет милиони евра за Слот, плус два милиони за бонуси, додека останатите два милиони ќе бидат исплатени за остатокот од стручниот штаб на новиот тренер.