Колку пари одби Модриќ за да остане во Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ денеска го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона, односно до 30 јуни 2024 година.

Модриќ пристигна во шпанскиот тим во 2012 година од Тотенхем и во изминатите 11 сезони настапи на 488 меча, а притоа освои 23 титули.

Хрватот оваа сезона ќе има шанси да ги надмине Карим Бензема и Марсело, кои се рекордери со по 25 пехари во дресот на „кралевите“.

Модриќ имал примамлива понуда од Саудиска Арабија, а според медиумите таа изнесувала дури 200 милиони евра по сезона, но очигледно за Хрватот не е сè во парите.