Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Сезоната на Формула 1 неодамна заврши и титулата првак ја освои Ландо Норис. Но, Британецот на Мекларен не заработи најмногу пари во 2025 година.
Кога станува збор за плати на возачите, највисоко платен беше Луис Хамилтон на кого Ферари оваа година му исплати 70 милиони долари.
Сепак, легендарниот Луис не оствари најголема парична заработка оваа година. Иако платата на Макс Ферстапен во Ред Бул беше за пет милиони помала од таа на Хамилтон, тој доби значително поголем бонус.
Ферстапен со плата од 65 милиони доби и 11 милиони долари бонус, па неговата вкупна заработка за 2025 година изнесува 76 милиони долари.
Бонусот на Хамилтон по разочарувачките резултати не беше изненадувачки, и изнесува само половина милион долари. Така што, Хамилтон оваа година вкупно заработи 70,5 милиони долари.
Третиот највисоко платен беше Шарл Леклерк во Ферари кој доби 30 милиони. Но, тој остана без бонус, па по вкупна заработка го престигнаа и Ландо Норис во Мекларен кој покрај платата од 18 милиони доби и 39,5 милиони бонус, како и Оскар Пиастри со 37,5 милиони долари заработка (10 + 27,5).
Топ 10 возачи на Ф1 по заработка во 2025 година
Макс Ферстапен 76 милиони долари (65 плата + 11 бонуси)
Луис Хамилтон 70,5 (70 + 0,5)
Ландо Норис 57,5 (18 + 39,5)
Оскар Пиастри 36,5 (10 + 27,5)
Шарл Леклерк 30 (30 + 0)
Фернандо Алонсо 26,5 (24 + 2,5)
Џорџ Расел 26 (15 + 11)
Ланс Строл 13,5 (12 + 1,5)
Карлос Саинц 13 (10 + 3)
Кими Антонели 12,5 (5 + 7,5)













