Колку вредат Меси и Роналдо на „Трансфермаркт“? Разликата е огромна!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Специјалниот фудбалски сајт „Трансфермаркт“ пред неколку дена ги ажурираше своите цени на фудбалерите ширум светот, а многумина ги интересира каква е вредноста на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Посебно е интересна вредноста на Роналдо, кој поради своите 35 години е проценет на „само“ 60 милиони евра, што е пад од 15 милиони во однос на претходната проценка во декември.

Во исто време, две години помладиот Меси засега е проценет на 112 милиони евра, речиси двојно повеќе од неговиот најголем ривал на фудбалскиот терен.

И вредноста на Аргентинецот е намалена во однос на декември минтата година, кога беше проценет на 140 милиони евра.

Според досегашните проценки, вредноста на Меси е во пад уште од мај 2018 година, кога го проценија на 180 милиони, а на Роналдо му паѓа цената од јануари истата година, кога неговата вредност изнесуваше 120 милиони евра.