Колку време ќе паузира Ѓулер по новата повреда?

Талентираниот турски фудбалер Арда Ѓулер се повреди по третпат откако пристигна во Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти му даде поддршка.

Ѓулер веднаш се повреди по преселбата во Мадрид и направи операција на коленото, а сега шпанските медиуми објавуваат дека Турчинот скинал мускулно влакно на квадрицепсот и ќе повторно да паузира.

Докторите предвидуваат рехабилитација за еден месец, па не би било чудно ако го видиме неговото деби дури на почетокот на 2024 година.