Колку време ќе паузира Ѓулер по новата повреда?

Реал Мадрид има проблеми со повреди оваа сезона, па така тренерот Карло Анчелоти не може да смета на Едер Милитао, Тибо Куртоа, Винисиус Жуниор, но и Арда Ѓулер.

Ѓулер завчера се врати на тренинг, но веднаш се повредил и го чека нова пауза. Според прогнозите, Турчинот ќе паузира еден месец надвор од фудбалските терени.

Талентираниот турски фудбалер пристигна летово од Фенербахче и треба да биде инвестиција за иднината на „кралевите“, но сè уште не може да го дочека неговото деби во новиот клуб.