Колумбиецот откри дека има понуда од бројни европски клубови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На излезните врати е од својот клуб, но нема да мора да се грижи за продолжување на кариерата.

Фудбалерот на Милан Карлос Бака рече денеска дека голем број на клубови од цела Европа се заинтересирани за неговиот потпис.

„Мојата иднина е во божји раце. Сите знаат дека имам четири годишен договор со Милан. Имам понуда од клубови од Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија. Не е лесно да се донесе одлука“, рече Бака за шпански АС.

Бака додаде дека неговиот агент разговараше и со претседателот на тие клубови и со претставниците на Милан.

„Имаме време, мирни сме“, рече колумбискиот фудбалер и наведе дека Лигата на шампионите може да биде главен фактор во донесувањето на одлуката.

Бака во Милан дојде во минатата година од Севиља, а медиумите го поврзуваа со Вест Хем, Рома и Атлетико Мадрид.

Милан во минатата сезона во Серија А заврши на седмото место на табелата и така остана без настап во европските натпреварувања.