Коментатор навреди ѕвезда на Барселона, па останатите фудбалери не сакаа да дадат изјави!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона славеше против ПСЖ со 3-2 на гостински терен во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ).

Шпанската телевизија „Мовистар“ не доби изјави по мечот поради скандалозниот коментар на коментаторот Герман Бургос на сметка на Ламин Јамал.

„Доколку не му успее фудбалската кариера, може да заврши на семафори“, кажа Бургос алудирајќи на тоа дека Јамал може да работи како жонглер на раскрсница.

Овој потег предизвика бурни реакции од јавноста, а фудбалерите на Барселона и ПСЖ одбија да дадат изјави.