Комисија од 18 голмани го избра најдобриот чувар на мрежата во историјата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Комисијата составена од 18 голмани го избра најдобриот чувар на мрежата во историјата, а тоа е 42-годишниот Џанлуиџи Буфон.

Буфон дебитираше за Парма во 1995 година, а речиси три децении подоцна брани на врвно ниво. Својата класа ја потврди и пред неколку недели кога го спречи Лионел Меси да постигне гол.

Сега голманот е на Јувентус е прогласен за најдобар со седум гласови пред Лав Јашин (5) и Дино Зоф (2). По еден глас освоија: Бенкс, Касиљас, Мајер, Рожерио Сени, Тафарел и Шмајхел.

Инаку, стручното жири помеѓу останатите го сочинуваа: Мануел Ноер, Жулио Цезар, Петар Шмајхел, Габор Килари, Сантијаго Канизарес и други голмани