„Комити“: ФИФА ја тргна забраната за трансфери на Вардар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Вардар, „Комити“ објавија дека ФИФА ја тргнала забраната за трансфери на екипата, која ја доби поради спорот со нивниот поранешен фудбалер Евгениј Новак.

Комити објавија порака која ќе ги израдува сите фанови на Вардар.

„Денот го започнуваме со позитивни вести. Од ФИФА е стигнат допис дека е симната забраната за трансфери во ФК Вардар.Преодниот рок е завршен но постои можност во клубот да заиграат играчи на кои последен клуб им е ФК Вардар. Први на нашата листа се Грне и Тане, кои и онака се дел од Вардар и сега“, стои во краткото соопштение од „Комити“.