Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Навивачката група „Комити“ закажа вонредна прес-конференција за среда од 12 часот, кога планираат да зборуваат за ситуацијата во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
Поканата е доставена до сите членови на одборот на директори на Вардар, па останува да видиме дали некој од нив ќе присуствува на пресот.
„Во името на малцинскиот акционер во ФК Вардар АД Скопје, здружението ‘35 години Вардарци Скопје’, најавуваме вонредна прес-конференција.
Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала во СЦ. ‘Јане Сандански’ во населбата Аеродром, во среда(20.11.2024), со почеток од 12:00. Ги покануваме сите членови на одборот на директори на ФК Вардар, исто така да присуствуваат, со цел пред целата јавност да ги разјасниме сите дилеми. Онака како што доликува.
Прес-конференцијата ќе биде од отворен карактер и затоа ги повикуваме сите медиуми, навивачи и заинтересирани лица, да присуствуваат на истата“, соопштија „Комити“.