Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Винсент Компани постигна синоќа еден од најважните погодоци во кариерата.
Неговиот тим славеше против Лестер со 1:0 во средба од 36. коло во Премиер лигата, а Компани постигна фантастичен погодок од околу 20 метри.
По мечот пушти и по некоја солза радосница, но неговото славење не траеше долго бидејќи мораше да замине на допинг тестирање.
Тој и уште неколкумина фудбалер се повикани во посебна просторија за да дадат примерок за допинг тест, па тоа сигурно малку го скрати славењето на Компани кој беше среќен поради победата.
Секако, тоа вистинското славење ќе следи во недела доколку екипата слави на гостувањето кај Брајтон и ја освои титулата.
Капитенот на „Граѓаните“ по мечот откри што го поттикнало да упати удар од толкава далечина.
„Денес бев малку фрустриран бидејќи сите зборуваа дека не се забива. Навистина го слушнав тоа и ме изиритира. Мислев, не сум стигнал волку далеку во кариерата за играчите да ми зборуваат кога да шутирам“, изјави Компани.
„Не, тоа не е вистина.Извини Вини, но навистина не е вистина“, изјави Бернардо Силва по мечот, коментирајќи го погодокот на Белгиецот.