Компани ги избра најдобрите 11 со кои играше во Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгиецот ги напушти Граѓаните.

Винсент Компани после 11 години и 360 одиграни натпревари го напушти Манчестер Сити и се врати во Андерлехт.

Искусниот дефанзивец во Етихад пристигна во 2008 година од ХСВ, а во меѓувреме тој освои 12 трофеи вклучувајќи и четири титули од Англискиот куп.

За повеќе од една деценија многу играчи поминаа низ соблекувалните на Граѓаните, но легендарниот Белгиец направи идеална постава составена од своите поранешни соиграчи.

Екипата која ја состави Компани изгледа застрашувачки и тешко е да се пронајде слаба точка. Интересно е што во „идеалниот тим“ на Компани го нема Един Џеко.

Компани, капитенот на босанската репрезентација сакаше да го стави на позицијата лево крило, но не го направи тоа бидејќи се одлучи тоа место да му го додели на Карлос Тевез.

„За левото крило, морам да се одлучам. Го сакав Един Џеко додека беше во клубот, Сане е одличен играч, Насри беше феноменален за време кога имавме прилика да ја освоиме втората титула, но ќе го изберам Тевез“, рече белгискиот фудбалер и се надоврза:

„Имаше такво силно влијание кога немавме одлични натпревари како денес, кога и да ни бил потребен гол за победа, Тевез го постигнуваше.“

На голот го стави Џо Харт, а во последната линија од тимот, покрај себе ги стави и Џон Стоунс, Пабло Забалета и Гаел Кличи.

Средниот ред е без никаква грешка бидејќи никој не може како ова трио: Јаја Туре – Кевин Де Брујн – Давид Силва. А во нападот се покрај Тевез, Стерлинг и Агуеро.