Кому му е грижа за Купот, навивачите на Сити нема да патуваат во Лондон…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Сити не се баш расположени да го гледаат на „Вембли“ мечот од полуфиналето на Купот против Брајтон. Имено, картите се околу 140 евра, врските за Лондон се лоши, авионските карти се скапи, а враќањето со воз е ризичен, вистина, мечот се игра во 18:30, а последниот поаѓа нешто по 22 часот, и нема да биде доволен за сите навивачи.

Поради тоа навивачите на Сити сакаат да одат на останатите дуели во Лондон, против Палас во Премиер лигата и пред тоа на дуелот со Тотенхем во Лигата на шампионите.

Гвардиола инаку се пожали поради овој распоред, но нема друго решение…

Сити инаку последниот Куп го освои 2011. година пред тоа во 1969. триумфираа пет пати, два трофеи во ова натпреварување освоија пред војната.