Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Посмртните останки на поранешниот летонски кошаркар Јанис Тима конечно беа пренесени од Русија во неговата родна Летонија, завршувајќи ја комплицираната постапка за транспорт.
Јанис Тима, кој беше репрезентативец на Летонија и играше за повеќе реномирани европски клубови, си го одзеде животот во ноќта помеѓу 16 и 17 декември, наводно како последица на разводот со сопругата, познатата пејачка Ана Седокова. Неговото тело повеќе од една недела остана во мртовечница во Русија поради тешкотиите со транспорт, предизвикани од прекинатите дипломатски односи меѓу Летонија и Русија уште од април 2022 година.
„Утрово, Јанис конечно пристигна во Летонија. Искрено ви благодарам на сите кои помогнаа во транспортот и на сите кои испративте зборови на утеха во овие тешки моменти,“ напиша неговата сестра Лелде Жендечка на социјалните мрежи, изразувајќи благодарност за поддршката од пријателите, семејството и спортската заедница.
Семејството на Тима соопшти дека последното збогување со поранешниот играч на Басконија, Олимпијакос, Уникс, Химки, Зенит и Дарушафака ќе се одржи во крематориумот во Рига на 27 декември, со почеток во 15 часот.