Конечно кажа „да“: Зинедин Зидан се враќа на работа!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Зинедин Зидан ќе стане новиот селектор на Франција, по Светското првенство 2026 година!

Оваа вест вечерва ексклузивно ја објави мадридскиот весник „АС“, кој има многу блиски контакти со поранешниот тренер на Реал Мадрид.

Според нивните информации, сè е договорено, Зидан ќе почека до летото, ако веќе чекаше сите овие години, ќе одбие понуди од клубови за да го исполни својот сон и да стане селектор на репрезентацијата.

Зидан е без работа од летото 2021 година кога по втор пат го напушти Реал Мадрид. Во својот втор мандат не беше успешен како во првиот, кога освои три последователни Лиги на шампиони, а од тогаш скоро пет години чека вистинскиот повик – репрезентацијата.

Франција одлучи да се раздели со Дидие Дешан по Светското првенство, без разлика на резултатот, бидејќи во Сојузот веруваат дека е време за свежа крв.

Дешан го освои Светското првенство 2018 година, а на клупата на Франција е од 2012 година.

Неговиот договор истекува летото 2026 година, по Светското првенство и, според сè, нема да добие нов и ќе ја напушти Франција по цели 14 години.