Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ повторно е главна тема на европските спортски медиуми. Популарниот фудбалер ќе се врати во Европа бидејќи му заврши договорот со Лос Анџелес Галаски, а досега најмногу се поврзуваше со италијански клубови.
Наполи, Милан, Болоња и Рома беа во прв план за неговиот потпис, но засега нема никакви официјални информации дека некој од тие екипи го контактирал.
Прв човек кој му понудил договор на Ибрахимовиќ е Адријано Галијани, еден член на раководството на третолигашот Монца.
„Берлускони ми даде дозвола, па јас го контактирав Мино Рајола. Тој ми даде совет да го контактирам Ибра директно. Му понудив договор на две ипол години“, вели Галијани.