До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Рахим Стерлинг наскоро би можел да стане нов член на – Фулам.
Англиските медиуми денеска открија дека Стерлинг го одбил Вест Хем, и дека го избрал Фулам, а наскоро би можел да го засили тимот на Марко Силва.
Стерлинг беше отпишан од летово, по враќањето од неуспешната позајмица во Арсенал, но Енцо Мареска повторно го отпиша.
Стерлинг сакаше да остане во Премиер Лигата, и покрај понудите од Саудиска Арабија, а Вест Хем не беше неговата прва опција.
Се очекува Стерлинг да се приклучи на Фулам, но тоа исто така може да значи заминување на Адама Траоре. Интересно е дека тој ќе стане опција за Вест Хем, кој по секоја цена сака да го засили нападот.
Стерлинг оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар за Челзи, додека Адама има одиграно 12 во Премиер Лигата, но само како резервист, додека беше стандарден само во Лига купот каде одигра четири натпревари.
















