Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се уште актуелниот стратег на Челси, Маурисио Сари во интервју за италијанскиот магазин „Венити Фер“ најави враќање во Италија.
За него има интерес од Јувентус и во тек се преговори со претставниците на Челси за стратегот без оштета да си замине од клубот.
Се појасно е дека тој кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, а меѓу редови тоа го најави во интервјуто за италијанскиот магазин.
„За нас Италијанците повикот од дома секогаш е силен. Чувствувам дека нешто недостасува овде, ова ми беше тешка година. Кога ќе се вратам дома се чувствувам како странец, дома спиев само 30 ноќи во последните неколку години“ –истакна Сари.