Конкретен чекор на Милан и Рома: Им забранија на новинарите на „Кориере дело Спорт“ да ги следат нивните активности


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Милан и Рома ги превзедоа првите чекори по денешната срамна насловна страница на „Кориере дело Спорт“.

Росонерите на својата официјална страна објавија дека на новинарите на „Кориере дело Спорт“ им е забранет влез на стадионот, а истото го сторија и од Рома.

„Веруваме дека играчите, клубовите, навивачите и сите медиуми мора да бидат обединети во борбата против расизмот и мора да преземеме одговорност кога ќе погрешиме. За овој „Црн петок“ наслов во весниците, Милан и Рома одлучија да им забранат на новинарите на „Кориере дело Спорт“ да ги следат сите случувања и да влегуваат на стадионите каде играат нашите клубови до крајот на оваа година. Исто така нашите играчи нема да даваат изјави за овие весници“ –порачаа од Милан.