Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Еден од легендарните тенисери, Џими Конорс, истакна дека е потребен наследник на Новак Ѓоковиќ.
Конорс вели дека ситуацијата на светскиот врв е алармантна.
„Интересно е колку овие двајца момци се на различно ниво од останатите. Карлос Алкарас и Јаник Синер толку се истакнале што, доколку не се појави некој нов, во наредниве години постојано ќе ги гледаме истите финалиња. Алкарас – Синер, Алкарас – Синер, Алкарас – Синер. Практично како што беше во последните осум години”, рече Конорс за “Спортскида”.
Последните три гренд слем финалиња беа одиграни од Алкарас и Синер.
„Младите момци ќе мора да го подигнат нивото, и тоа го кажувам со максимално почитување. Инаку, постојано ќе гледаме исто.”
Конорс се присети на ситуацијата кога Ѓоковиќ се појави на тениската сцена.
„Тогаш Роджер Федерер и Рафаел Надал доминираа, и одеднаш се појавија прво Новак Ѓоковиќ, а потоа и Енди Мареј. Тогаш ситуацијата стана многу повозбудлива. Истото важи и сега, на Алкарас и Синер им треба уште некој. Ѓоковиќ е сè уште тука, како што беше со Федерер и Надал, но потребен е некој помлад.”
Генерацискиот јаз меѓу “големата тројка” и Алкарас и Синер.
“Зверев и Циципас, на пример, мораат да побрзаат. Ним времето брзо им истекува. Имаа голема тројка пред нив, сега имаат Алкарас и Синер позади себе и нивните врати за освојување гренд слем брзо се затвораат.”