Консеисао за состојбата во Милан: Никогаш не сум доживеал вакво нешто


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Тимот на Милан доживеа уште еден пораз во Серија А, губејќи пред својата публика против Лацио со решавачки пенал во 98. минута.

Овој лош резултат дополнително го зголеми незадоволството меѓу навивачите, кои се многу разочарани од формата на тимот, но и од целосната состојба на клубот.

Милан е далеку од врвот на италијанската табела, а негативен момент за тимот беше и шокантната елиминација од Феенорд во Лигата на шампионите.

Нетрпението на фановите се манифестираше со протести, насочени кон играчите и раководството, кое е под голем притисок поради неуспесите на натпреварите.

„Не поминуваме низ лесен период, тоа е очигледно. Играчите се свесни за ситуацијата и чувствуваат што се случува околу нив. Единствениот начин да излеземе од оваа криза е со напорна работа и со гордост да ги браниме боите на Милан. Мораме секој ден да даваме максимум за да ги оставиме проблемите зад нас. Никогаш досега не сум доживеал вакво нешто. Како поранешен фудбалер, знам како е навивачите да бидат незадоволни, но останува на нас да одговориме со подобри игри“, изјави Консеисао.