Конте бил брутално искрен, а Тотенхем веднаш се откажал од преговорите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антонио Конте успеа да ја освои шампионската титула во Серија А со Интер, а само неколку дена подоцна соопшти дека нема повеќе да ја тренира екипата.

Интер по 11 години успеа да го освои Скудетото и да ја прекине доминацијата на Јувентус, која траеше дури девет години.

Конте беше во преговори со раководството на Интер и бараше засилувања за следната сезона во која сакаше да ја нападне титулата во Лига на шампиони (ЛШ).

„Нераѕурите“ му понудија само 80 милиони евра за засилувања, но тоа не било доволно за искусниот тренер, кој реши да го напушти Интер.

Меѓутоа, неколку дена подоцна се појави вест дека Тотенхем го сака Конте, па двете страни почнаа преговори кои беа за краток период прекинати.

„Скај Спортс“ пишува дека Конте им порачал на членовите на Тотенхем дека не верува во клубот и нивниот квалитет да се борат за трофеи, па јасно им кажал дека сака да победува, но за тоа ќе му требаат пари, што го натера раководството на лондонскиот тим да се повлече.