Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо и Антонио Конте имаа многу караници во минатото. Најпрво Италијанецот ја „загреваше“ публиката при резултат 4-0, а Португалецот аплаудираше на суспензијата на својот противник.
Сега, наводно, двајцата тренери се борат за истата тренерска клупа, а таа е на Интер. Во моментов поголеми шанси има Конте, зашто и Бепе Марота сака да го донесе во клубот.
Италијанецот и претходно најави дека ќе се врати на работа, а притоа ги коментираше трите прста на Мурињо и однесувањето на стадионот на Јувентус, кога Манчестер јунајтед лани славеше во Лигата на шампиони во Торино.
„Има право на тоа, освои тројна круна со Интер, освои три титули со Челси. Јасно, потребно е да се почитува противникот, но таков гест привлекува внимание само затоа што станува збор за Мурињо“, вели Конте.
Тоа ги налути навивачите на Јувентус, па доколку замине Масимилијано Алегри од тренерската клупа дефинитивно тие нема да сакаат Конте да седне на неговото место, иако тој се поврзува и со работата во „Старата дама“.